Микро Тел со постојан развој и сопствена експертиза успеа да го унапреди процесот и да обезбеди интегрирано решение за сеопфатен сегмент на услугите и за претплатничка опрема (CPE – Customer premises equipment) како телекомуникациска така и телевизиска вклучувајќи и „STB“ (STB – Set-Top Box) уреди за прием и следење на телевизиски сигнал и со своите програми за тестирање, професионална поправка па дури и рефабрикување и логистика, стана лидер во регионот успевајќи да обезбеди високо професионална и квалитетна услуга и при огромен волумен на уреди.
ОБНОВУВАЊЕ НА ОПРЕМА
Обновување на корисничка и друг вид на опрема е активност која како услуга во „Микро Тел“ е воведена во 2008 година и подразбира целосно обновување на уредите и физички и технички со што истите понатаму може непречено да се употребуваат
ПРЕПАКУВАЊЕ НА ОПРЕМА
Препакувањето на опремата опфаќа цела постапка за пакување на уредите во соодветно изработени кутии со димензии соодветни на уредот и по желба на клиентот. Содржината на спакуваната опрема ги вклучува и сите потребни додатоци.
Ние ги овозможуваме и сите потребни додатоци за преапукување како соодветни адаптери така и сите видови кабли (UTP, HDMI, SCART, A/V) и соодветен далечински управувач за „STB“ за што имаме и споствен произод ≡ Далечински управувач »»