Micro Tel

ЗА НАС

ДТУ „Микро Тел“ ДООЕЛ –  Скопје е приватна компанија основана во 2005 година и е единствена компанија во Македонија и една од ретките на балканот чија што основна дејност е поправка на професионална електроника, во сите области, која со своето 18 годишно постоење се етаблираше на македонскиот пазар и пошироко како сериозен бренд и професионална компанија со безпрекорен и докажан квалитет што е наша нај препознатлива карактеристика.

Тимот на Микро Тел го сочинуваат високо квалификувани и остручени лица со над 25 годишно искуство кои со својот професионален пристап реализираат тестирања и поправки на професионална електроника од секаков вид на телекомуникациска опрема, телевизиска опрема, системи и уреди за напојување, индустриска електроника, медицинска опрема, електроника од автоматика како и електроника од многу останата опрема.

Од Април 2006 год. Микро Тел“ е официјален сервис провајдер на  „Македонски Телeком“ за тестирање и поправка на телекомуникациска опрема, корисничка опрема „CPE“ и системи за напојување, а денес веќе и на сите други телеком компании во РМ како и на повеќето телевизиски провајдери кои денес ги препознаваме во рамките на „А1 Македонија“, „Ериксон Македонија“, „Тотал-ТВ“ и други. Како резултат на сопствениот развој и усовршување успеавме да го достигнеме нивото да бидеме центар за гаранциска поправка на уреди како и корисничка опрема од производители како „ZTE“, „Tatung Technology Inc.“ и други.

Микро Тел“ со обработка од над 120.000 уреди годишно е веќе препознаен и од многу странски компании од Европа и пошироко од светот, нашите услуги за тестирање и поправка ги користат високо професионални компании од Австрија, Унгарија, Тајван итн.

Во изминатите години Микро Тел со постојано инвестирање во сопствениот развој целосно го револуционизираше и разви процесот и пристапот кон ЦПЕ-корисничката опрема со што прерасна во единствен лидер во регионот кој обезбедува високо квалитетна услуга и експертиза дури и при голем волумен за тестирање, поправка и обновување поддржано со сопствена логистика и складирање.

Со пристапот кон целосната поддршката и реализација на активностите во сопствени рамки за корисничката опрема на нашите клиенти им обезбедивме сеопфатно интегрирано решение кое не само што ја поткрепува широката експертиза за управување со корисничката „CPE“ опрема туку драстично ги намалува нивните трошоци за голем број потребна резервна опрема и им овозможува подобра контрола на нивните средства, ги елиминира транспортот и царинските такси и значително го подобрува нивото на услуга

ВИЗИЈА

Нашата цел е да прераснеме во компанија која со професионалност и квалитет ќе ги покрие сите потреби на просторот на Република Северна Македонија како и проширување во регионот на полето на тест и поправка на професионална електроника.

 

МИСИЈА

  • Континуирано следење на потребите на клиентите и постојано зголемување на бројот на услуги и подобрување на квалитетот.
  • Влевање и докажување на довербата кај деловните соработници со што взаемно ќе си придонесеме подобар развој и унапредување.
  • Освојување на нови пазари со постојните услуги како и воведување на нови услуги за постигнување на целта.