Микро Тел постојано го следи развојот на новите технологии, а со тоа и потребите на телевизиските провајдери во што постојано вложуваме со цел развој на нови поправки на плочи и уреди кои како услуга се навремено овозможени. Реализираме поправки на нај современа опрема вклучувајќи ја опремата на телевизиските провајдери, дистрибутивната опрема како и опремата која се користи кај претплатниците.
Микро Тел од самиот почеток работи со тест и професионална поправка на телевиска опреама, уреди и плочи како и дистрибутивна опрема. Со нај современи методи, алати, инструменти и технологија успеваме да реализираме поправки и на нај современа опрема и тоа од многу познати светски производители. Со тоа на нашите клиенти им обезбедуваме брза, професионална и квалитетна услуга која им овозможува намалување на потребниот број на резервни уреди и плочи за редовно одржување со што значително им се намалува трошокот.
Микро Тел со постојан развој и сопствена експертиза успеа да го унапреди процесот и да обезбеди интегрирано решение за сеопфатен сегмент на услугите и за претплатничка опрема (CPE – Customer premises equipment) вклучувајќи и „STB“ (STB – Set-Top Box) уреди за прием и следење на телевизиски сигнал и со своите програми за тестирање, професионална поправка па дури и рефабрикување и логистика, стана лидер во регионот успевајќи да обезбеди високо професионална и квалитетна услуга и при огромен волумен на уреди.